News

Во рамките на проектот CiProVoT Европските волонтери за граѓанска заштита ги посетија објектите на APD DEPIN и се информираа за активностите на Управата за Граѓанска Заштита, вклучувајќи ги и европските прекугранични активности како SFEDA. Оваа техничка средба се одржа во Децентрализираната Управа на Пелопонез, Западна Грција и Јонско Море, при која беа информирани сите волонтери во врска со проектот SFEDA и придобивките од него.

Беше извршена презентација и споделување на проектот на Националната Годишна конференција на Универзитетот во Русе и Здружението на Научници на Русе во Бугарија. Беа презентирани и објавени два труда: РЕШЕНИЕ ЗА НАВРЕМЕНО ЛОКАЛИЗИРАЊЕ НА ШУМСКИ ПОЖАР СО УПОТРЕБА НА ПЛАТФОРМА СО АВИОНИ И КОМПЈУТЕРСКА МАШИНА СО НЕВРОНСКА МРЕЖА и ЗАБЕЛЕЖУВАЊЕ И АНАЛИЗА НА ОДДАЛЕЧЕНИ ШУМСКИ ОБЛАСТИ И НАВРЕМЕНО ЛОКАЛИЗИРАЊЕ НА ШУМСКИ ПОЖАР СО УПОТРЕБА НА ДРОНОВИ, во рамките на работата на конференцијата.

На 6 Јули 2018 еден член на групата од PP2, Димитрис Катсарос, направиј една презентација со наслов „Иновативни Практики во Граѓанската Заштита“, каде беше споменат проектот SFEDA. Оваа конференција траеше два дена, 6-7 Јули и беше организирана во ROYAL PATRAS.

Проектот SFEDA беше презентиран од четворица претставници на проектот (Доцент д-р Иванка Цветкова, Вонреден професор д-р Нина Бенчева, Вонреден професор д-р Јоана Русева и Професор д-р Михаил Илиев) во рамките на разговорот „ Регионот на Дунав – целосен, функционален, компетитивен и безбеден“, кој беше организиран во рамките на конференцијата „Стратегијата на ЕУ за регионот на Дунав – Сегашност и Иднина“. Конференцијата претставуваше еден од трите главни настани во рамките на конференцијата „Тријада на Дунав“ чиј домаќин беше Регионалниот Центар за Известување на Русе на 4ти и 5ти Октомври 2018. Проектот беше поканет да учествува по покана на Директорката на Регионалниот Центар за Известување на Русе- г-ѓа Камелиа Махакиан. Во извештајот е прикачен помошен материјал.

На 28 Ноември 2018 беше презентиран проектот SFEDA пред голема публика во зградата на Општина Западна Ахаиа, каде припаѓа заштитениот регион Котихио-Строфилиа. Погоренаведениот настан беше организиран од страна на Општина Западна Ахаиа, Локалната Префектура и Децентрализираната Управа на Пелопонез, Западна Грција и Јонско Море. Цел на овој настан беше известувањето на локалната заедница во врска со проектот SFEDA и придобивките од него.

https://far-west.gr/2018/11/dytiki-achaΐa-parousiasi-tou-ergou-epoptias-dasikon-periochon-me-drone/

Search

Who's Online

Имаме присутни 152 гости и нема членови